Со невидена сценографија се одржа ревијата на модниот бренд „Дизел“ на Модната недела во Милано.

Манекенките во модели од колекцијата за есен и зима 2023 година прошетаа покрај огромна планина од кондоми! Купот од повеќе од 200.000 кутии со кондоми привлече поголемо внимание отколку самата колекција.

Сакаме да се играме во „Дизел“ и сериозно сме на тоа. Забавувајте се, почитувајте се, бидете безбедни – изјави креативниот директор на оваа модна куќа, Глен Мартенс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.