Долгонајавуваното 94. издание на Оскарите се одржа вчеравечер, а почетокот беше резервиран секако за чекорењето по црвениот килим.

Очекувањата беа големи, особено бидејќи сите ги интересираше што ќе носат познатите и каков гламур ќе видиме после ковид-паузата и импровизираните изданија.

Првите впечатоци се дека видовме навистина шарена палета на креации – од провокативни до строги и конзервативни, од здодевни и неприфатливи до сосема кул.

Меѓу првите кои пристигнаа на црвениот килим беше Џесика Честејн, која освои Оскар за најдобра женска улога, а се појави во светкава креација на „Гучи“. Во неа изгледаше навистина како сирена, па воедно ова беше еден од најкоментираните изгледи и издвоена во листата на најдобро облечени.

Меѓу оние што оставија впечаток беше и Никол Кидман која не залудно се нарекува и кралица на црвениот килим. Нејзиниот избор, донекаде и очекувано, е Armani Prive, кој е специјално изработен за неа за оваа пригода и притоа е рачно обоен.

И Били Ајлиш беше меѓу присутните, носејќи огромна волуменозна креација со карнери со потпис на „Луј Витон“.

И Џејда Пинкет имаше волуменозна креација, со потпис на Жан Пол Готје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.