Многумина пред спиење имаат свои ритуали од кои не се откажуваат и пиењето на вкусни чаеви е едно од нив. Меѓутоа, нутриционистите нудат разни трикови кои помагаат во губењето на килограмите, а во кои се вклучени разни напитоци.

Еден напиток има посебно место, а станува збор за мешавина на медови, цимет и вода кој се пие пред спиење за да се забрза метаболизмот. Освен за слабеење, циметот и медот содржат безброј хранливи состојки и го зајакнуваат метаболизмот, го чуваат здравјето на срцето, успешно се борат против инфекциите и се одлични антиоксиданси.

Напитокот се подготвува така што во 250 мл вода ставате лажица цимет и две лажици мед. Половина од напитокот треба да го испиете половина час пред спиење, а половина наутро кога ќе се разбудите. Истражувањата покажаа дека континиутетот на употреба на циметот помага да се намалат воспаленијата, го регулираат стресот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта и поттикнуваат губење на масните наслаги.

Овој напиток е здрав и одлично помага во борбата против килограмите, но не заборавајте дека регулирањето на исхраната и вежбањето е неопходно за резултатите да бидат видливи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.