Телото на жените расте и се развива до околу 25 години, кога стануваат видливи и првите брчки. Поради хормоналната нерамнотежа, регенерацијата и производството на колаген и еластин е побавно, затоа и тие процеси побавно се одвиваат.

Првите знаци на стареење можат да се влошат и со некои лоши животни навики, па затоа пушењето, малиот внес на течности, изложеноста на стрес и недостатокот од свеж кислород додатно ја уништуваат кожата. Подеднакво делува и изложеноста на претопол или престуден воздух, што е чест случај во зимските месеци кога се грееме во затворени простории, а потоа излегуваме на студен воздух.

Кожата во 20-тите години

Што е вообичаено? – кожата на лицето не треба да има брчки. Доколку на лицето почнат да се јавуваат изразени линии пред триесеттата година од животот, тоа е дефинитивно знак за претерано изложување на сонце.

Како да ја сочувате кожата? – пијте доволно вода и имајте квалитетен сон. Исто така, користете крема со заштитен фактор SPF 30 и доколку сте пушач, избегнувајте ги цигарите за да ја спречите појавата на претерано стареење на кожата.

Кожата во 30-тите години

Што е вообичаено – по триесеттите години од животот, појавата на ситни линии околу очите, како и на челото е сосема нормална. Исто така, нормално е појавата и на неколку надолжни брчки помеѓу веѓите.

Како да ја сочувате кожата? – користете крема со заштитен фактор преку целата година, како и богата хидратантна крема наутро и навечер.

Кожата во 40-тите години

Што е вообичаено? – хоризонталните линии на челото почнуваат да се обликуваат во доцните триесетти и раните четириесетти години од животот. Освен тоа, се продлабочуваат брчките помеѓу образите и усните, а подочниците стануваат поизразени.

Како да ја сочувате кожата? – кремите со ефект на ексфолијација и микродермоабразија можат да ја подобрат состојбата и изгледот на кожата (ги ублажуваат оштетувањата од стареењето и надворешните фактори). Секако, употребата на заштитните препарати со SPF 30 до 50-тите години е задолжителна!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.