Постојат неколку фактори кои влијаат на растот на косата, вклучувајќи ја генетиката, стресот, лоша исхрана или хормоналните промени.

Пред да направите некаков третман или надградба, еве што можете самите да направите за да го подобрите нејзиниот квалитет.

Поретко миење ја зајакнува косата

Дамите што имаат мрсна коса, обично ја мијат секој ден. Според стручњаците тоа е грешка и тие препорачуваат поретко третирање на косата со шампон. Идеално би било да се мие двапати неделно за да може таа да закрепне помеѓу двете миења. Важно е темелно да ја измиете косата, затоа што ако скалпот не е темелно измиен, хранливите материи не стигнуваат до внатрешноста на фоликулите и косата не може да расте.

Етерични масла за побрз раст на косата

Маслата можат да ви бидат одличен сојузник во растот на косата. Истражувањата кои ја следеле важноста на маслата за побрз раст на косата откриле дека маслото од семки од тиква и маслото од рузмарин за дури 40% го зголемиле бројот на влакна кај мажите кои имале проблем со опаѓање на косата. Овие есенцијални масла можете да ги измешате со други масла кои спречуваат оштетување на косата, како што се: кокосово масло или сончогледово масло. Ќе забележите и сами колку честите масажи на главата можат да бидат пријатни и како со текот на времето косата побргу расте видно обновена.

Исхрана богата со витамини

Цинкот може да ви биде од корист. Истражувањето кое ги следело ефектите на Б-5 и биотинот покажало дека тие помогнале да се намали опаѓањето на косата, како и да се подобри и нејзиниот квалитет и јачина.

Витаминот Ц помага да се спречи оксидативниот стрес кој предизвикува опаѓање и истенчување на косата. Со адекватен внес на витамини повеќе нема да се прашувате како да го забрзате растот на косата, бидејќи набргу самите ќе забележите разлика во должината.

Јајцата се богати со протеини, минерали и Б комплекс витамини, кои се есенцијални хранливи состојки за здрава коса. Биотините и другите витамини од Б групата го зајакнуваат коренот на косата и на тој начин го спречуваат нејзиното опаѓање. Покрај тоа, тие го стимулираат растот на нова коса, ја зајакнуваат и таа добива волумен. Мастите што ги содржи јајцето ја подобруваат текстурата на косата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.