Непријатниот мирис на телото е проблем со кој се соочуваат практично сите. За среќа, тоа може лесно да се поправи со помош на едноставни природни лекови што ги има во секој дом.
Експресно средство
На средината на денот, одеднаш сфаќате дека сте заборавиле да нанесете дезодоранс утрото. Не грижете се, сигурно при рака имате средство за дезинфекција на раце! Нанесете малку под пазувите. Бидејќи е антибактериски, ги убива микробите и непријатните мириси.
Сода бикарбона и оцет наместо дезодоранс
Обичната сода бикарбона може да биде алтернатива за дезодорансот – само нанесете ја под мишките по туширање. Сода бикарбона ја впива влагата што предизвикува непријатен мирис и ги убива бактериите. За да го подобрите ефектот, додајте неколку капки етерично масло од жалфија или лаванда пред нанесувањето.
Јаболковиот оцет исто така помага да се ослободите од непријатниот мирис на телото. Натопете памук во оцет и со тоа избришете се под мишките. Оцетот не само што ги убива микробите што предизвикуваат непријатен мирис туку и ја зголемува pH вредноста на кожата, спречувајќи наталожување на мириси во иднина. Наместо оцет, можете да користите алкохол или водород пероксид (хидроген).
Обрнете внимание на исхраната!
Одредена храна може да предизвика непријатен мирис на телото неколку часа по јадење. Еден начин да ги ублажите овие мириси е да го намалите количеството на месо во вашата исхрана.
Не мора целосно да го исклучувате месото, но со зголемување на внесувањето растителни производи, можете да ги неутрализирате лошите мириси. Зелениот зеленчук, како на пример спанаќ и кељ, е богат со хлорофил, природен дезодоранс.
Пијте чај од жалфија
Ако имате проблем со мирисот на телото, пијте чај од жалфија. Освен што содржи танини, кои го намалуваат прекумерното потење, има и смирувачко дејство. За најдобри резултати, пијте по малку од овој чај во текот на денот.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.