Поранешниот модел Хејди Клум покажа како изгледа вистински гламур на црвениот тепих.

Таа за снимањето на реалното шоу „Америка има талент“ носеше елегантен црвен фустан украсен со нежна тантела во пределот на градите.

Како што можете да видите, црвената тоалета ја следи линијата на половината на оваа убавица, додека се проширува во долниот дел. Сепак, има длабок шлиц на левата страна за да се истакнат витките нозе на германскиот модел.

Фото: Профимедиа

Настапот на црвениот тепих Клум го заокружи со гломазна огрлица во форма на пеперутка, но и со отворени црвени потпетици.

Foto: Profimedia



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.