Целулитот не исчезнува за еден ден. Но со малку трпение и овој домашен пилинг, со сигурност за брзо ќе се ослободите од него.

Целулитот е честа состојба на кожата која обично е предизвикана од таложење на маснотии. Маснотиите прават кожата да изгледа нерамномерна. Но, не се само жените со прекумерна тежина кои можат да имаат целулит – и слабите жени страдаат од овој проблем. Иако оваа појава е почеста кај жените, сепак може да настане и кај мажите.

Со овој домашен пилинг и масирање на кожата ќе успеете да ја ублажите појавата.Еве како да го направите овој пилинг:
измешајте ¼ шолја кафе со 2 лажици маслиново масло и 3 лажици топла вода. Оставете го ова да отстои 10 минути, дозволувајќи му на кафето да впие вода. Нанесете го пилингот на местата со целулит и масирајте пет до десет минути со циркулациони движења. Исплакнете со топла вода.

Кофеинот во кафето помага за проширување на крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова заедно со антиоксидансите во кафето помага ефикасно да се ублажи целулитот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.