Во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“ во Скопје (на бул. „Климент Охридски“ бр. 68) денеска напладне ќе биде отворен просторот наменет за дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

Новиот простор ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

Идејата на маркетот е на македонските дизајнери да им се понуди најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи и колекции. Поддржете ги локалните дизајнери и занаетчии, купувајте помалку, избирајте внимателно, одберете квалитет“, вели организаторот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.