Еден од најатрактивните мажи на светот – Бред Пит вчера наполни 60 години. И на 60 години изгледа сите се прашуваат која е тајната на неговата „вечна младост“.

Според „Sun.co.uk“ Бред помалку ќе си честита за бујната коса, згодните црти, а повеќе за мажот во кој се претвори, по неубавата разделба со Анџелина Џоли пред седум години.

Откако неговиот наводен пијан, насилен испад пред очите на неговата поранешна сопруга и нивните шест деца во приватен авион во 2016 година го шокираше светот на славните, Бред го промени својот живот.

Тој повеќе не пие, откако помина 18 месеци во анонимни алкохоличари во Лос Анџелес. Тој, исто така, се откажа од пушењето цигари и марихуана и се фрли на, како што рече, терапијата која му го промени животот, делумно благодарение на советите на неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон.

Во изминатата година тој беше во врска со разведена колешка и швајцарска бизнисменка Инес де Рамон. Неговите пријатели велат дека е „опуштена, мирна и среќна што е таму за да го поддржи и само да се забавува“.

Моите цели во животот – рече Бред – сега се прилично едноставни: да бидам среќен и да останам здрав. Имам пријатели. Имам прекрасни деца. Го сакам моето кафе. Ги сакам моите кучиња. Немам поплаки.

Што се однесува до неговиот секојдневен живот, Бред повеќе не живее во раскошниот, ултрамодерен дом во Лос Анџелес што го купил во 1994 година. Наместо тоа, тој се повлече 300 милји до заспаниот крајбрежен град Кармел во северна Калифорнија, откако неодамна потрошил околу 40 милиони долари.

Тоа е неверојатно приватно место, идеално за сурфање, дружење околу огнот и медитација з Бред.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.