Фарбањето на косата е сложен хемиски процес на кој влијаат многу фактори, а еден од нив е состојбата на вашата коса. Затоа, прашањето дали да се фарба чиста или валкана коса воопшто не е неосновано.
Дали е подобро да се фарба валкана или чиста коса?
Дефинитивно, подобро е да фарбате чиста коса! Доколку на косата имате многу остатоци од лакови, пени и други средства за обликување, бојата тешко ќе допре до влакното. На ефектот на бојата влијае и маслото на косата, па ако вашата коса е прилично мрсна, мора да ја измиете пред да се фарбате.
Затоа, задолжително измијте ја косата пред да ја фарбате, доколку имате многу производи за стилизирање на вашата коса (спреј или пена) или вашата коса е многу мрсна.
Од друга страна, постојат исклучоци од ова правило, така што косата не треба да се мие пред да се фарба ако:
- Имате осетлива кожа
- Ако користите бланш
- Ако правите прамени
За да се минимизира оштетувањето, важно е да се нанесат хидратантни и негувачки маски за коса 3 дена пред фарбањето. Оставете ја косата да одмори потоа, не преоптоварувајте ја со други третмани или стилизирање. Косата, исто така, треба да се одмори од гелови и лакови најмалку неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.