Оваа година ќе биде во знакот на нежните, но и многу моќните бои. Виолетовата ќе доминира наредниве месеци, велат модните експерти.

Оваа боја е многу лесна за комбинирање, а дополнителен плус е тоа што одлично им стои на сите. Без разлика дали сте русокоса, црнка, бринета, па дури и црвенокоса, одлично ќе ви стои оваа боја.

Во тренд ќе бидат сите парчиња во оваа боја, од фустани и панталони, па сè до модни додатоци. Ќе се носат сите нијанси, а вам ви преостанува само да ја одберете онаа што најмногу ви се допаѓа.

Веќе можевме да видиме бројни трендсетерки во стајлинзи во кои виолетовата ја игра главната улога. Доколку не сте сигурни како најдобро да ги искомбинирате парчињата во оваа боја, фрлете око на следниве фотографии…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.