Шеесет и едногодишниот Марк Брајан, инженер по роботика, сопруг и татко на три деца, е хит на интернет благодарение на својот несекојдневен моден избор.
Марк обожава да носи здолжништа и штикли. Гардеробата почнал радикално да ја менува пред четири години. Повеќе сака здолништа одошто фустани, зашто, како што вели за Брајтсајд, здолништата му нудат повеќе комбинации, па може да биде облечен и мажествено над половината, а родовонеутрално под половината.

Кога со децата првпат разговарал за својата облека, се обидел да им објасни дека нена нушто сексуално во неговиот начин на облекување и дека не значи дека нивниот татко е геј.

Децата и жената го поддржуваат, а сопругата и му помага во комбиирањето.

Се случувало да се сретне со негативни коментари, но не им придава значење.

Кога ќе почнат да ме распрашуваат за сексалноста, ги прашувам дали тоа ќе ги интересираше да носев панталони, вели овој роботичар, со преку 600.000 следбеници на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.