Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ вчера ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците. Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот.

Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови колекции, рече основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани, објаснувајќи дека безбедноста на учесниците, вработените и посетителите, е приоритет на неговата модна компанија.

Компанијата објави дека ќе ги откаже машките ревии на претстојните два настана во јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.