Војводата и војвотката од Сасекс, Меган и Хари, се откажаа од своите кралски титули во 2020 година и се преселија во Калифорнија.

Нивната одлука ги наруши односите во британското кралско семејство, особено меѓу Хари и неговиот брат Вилијам.

Хари подоцна во бројни интервјуа, како и во неговата автобиографија „Резерва“, го обвини семејството за многу работи, вклучително и дека тие му го уништиле животот на многу начини и биле злобни кон неговата сопруга.

Кралскиот биограф Ендрју Мортон сега гостуваше во емисијата „Неделно утро со Тревор Филипс“ и истакна дека мисли дека нема шанси Хари и Меган да се вратат во Велика Британија, пишува „Дејли мејл“.

Како главна причина тој го наведе кралскиот протокол, според кој Меган ќе мора да ѝ се поклони на Кејт Мидлтон кога Вилијам ќе стане крал, а Кејт ќе стане кралица. Мортон верува дека ниту Меган ниту Хари нема да сакаат да го направат тоа и затоа нема да се вратат во Велика Британија.

Хари неодамна објави дека ќе дојде во Лондон за да присуствува на наградите WellChild, но без неговата сопруга. Извор близок до парот исто така рекол дека кралот Чарлс Трети „нема време“ да се види со Хари, но и дека Вилијам и Кејт се „многу нервозни поради неговото доаѓање“.

Потсетуваме, Хари неодамна изјави дека немал доволно поддршка од семејството по трагичната смрт на неговата мајка Дајана.

„Немав поддршка од нив, ниту стручен совет да ми помогне да идентификувам што навистина се случува со мене“, рече тој меѓу другото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.