Групната маска „Тутуноберачите“ на децата од прилепските градинки „Наша иднина“ ја понесе Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“.
Прво место освоија учениците од ОУ „Рампо Левката“ со маската „Весела дружина на водното царство“. Поединечно, најдобра беше маската „Мистик“ на Мила Спироска од ОУ „Климент Охридски“.
На денешниот карневал во Прилеп околу 500 учесници ги претставија своите маски пред прилепчани. Карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари кои се заштитна маска на Карневалот и се прогласени за нематеријално културно богатство од Министерството за култура.
Карневалските свечености траеја три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.