Во организација на Здружението за одржлив развој на заедницата „Виталност” од Делчево од 11 до 15 септември ќе се одржи првиот македонски фестивал на жива растителна храна. Фестивалот е иницијативата на Симона и Горан Христовски, брат и сестра од Делчево, кои веќе подолг период применуваат исхрана со жива растителна храна.

Тие почнале со исхрана од жива растителна храна во почетокот на 2022 година, кога семејството на Симона Христовски решило да направи промена во исхраната, односно започнало да консумира свежа или сурова храна.

Програмата за настанот ќе има повеќе содржини од едукативен и забавен карактер, а дел е посветен и на физичката активност. Деновите започнуваат со раздвижување на телото преку фитнес часови или јога, а потоа ќе продолжи со едукативни предавања од предавачи со повеќегодишно искуство со исхрана на жива растителна храна.

Покрај едукативните предавања, огромно внимание на фестивалот ќе биде посветено на храната, природно одгледана, култивирана специјално за фестивалот, каде сите ќе можат да ја вкусат убавината на македонското овошје и зеленчук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.