Францускиот институт во Скопје извести дека организира гастрономски настан „Вкуси ја Франција“, којшто ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка.
Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.
Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.
За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.
Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.
Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина.
Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори, информираат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.