Косовскиот зелник е вистинска крцкава, ронлива пита на која тешко може да се одолее. Се прави едноставно и брзо.

Еве го рецептот

Состојки:

500-550 гр брашно
1 лажичка сол
300 мл вода

За премачкување на кората:

200 гр путер
100 мл масло
Фил-полнење
400 гр спанаќ
300 гр млад, свеж кромид
300-400 гр сирење

Подготовка:

Истурете брашно во сад и посолете. Истурете млака вода и замесете тесто за да биде помеко. Извадете го тестото на работната површина и замесете. Поделете го на три тестенини, па покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.

За филот:

Исечкајте ги спанаќот и младиот кромид, измешајте ги, посолете и изгмечете ги со раце, па додајте го искршеното сирење.

Тестото развлечете го убаво со сукало, па витканата кора премачкајте ја со растопен путер.

Исечете ја кората на краци, а потоа свиткајте ја кората кон средината.
Кога ќе се состави кората, посипете ја со брашно и оставете ја на страна. Истата постапка повторете ја и со останатите тестенини.

Расукајте ја кората и ставете ја во подмачкан плех. Намачкајте ја кората со путер, па нанесете го филот. Втората кора расукајте ја и ставете ја врз првата, па намастете ја и нанесете од филот. Третата кора расукајте ја и ставете ја врз првите две, па убаво затворете ги од страните.
Питата малку исечкајте ја на коцки, па премачкајте ја со путер. Се пече на 220 степени околу 20 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.