Ви предлагаме неколку фантастични методи оваа година да се забавувате во процесот на вапсување на уникатен начин – со природни бои. Лушпа од кромид, цвекло, црвена зелка, морков, спанаќ, црвен пипер, шафран, чај од шипки, кафе, зелен чај, боровинки… изберете ги природните продукти во зависност од боите кои сакате да ги постигнете. Резултатот ќе бидат прекрасно бојадисани еколошки јајца.
Потребни материјали:
*Црвена зелка, куркума, лушпа од кромид, цвекло, кафе…
*Длабоко тенџере (најмалку 3 литри)
*Бел оцет
*Цедилка
*Длабоки садови
*Јајца
*Голема метална лажица
*Хартиени крпи
*Подлога за сушење
Прв метод: Заедничко варење
Одберете ја состојката со која сакате да ги обоите јајцата и ставете сѐ заедно во сад. Ставете количина според потребното. Додајте еден литар вода и две лажици бел оцет во тенџерето. Ако е потребно додадете уште вода за да се покријат сите состојки. Пропорционално додавајте оцет.
Почекајте водата да зоврие, а потоа намелете ја температурата и оставете ги јајцата да се варат заедно со состојките половина час на тивко. Потоа процедете ја бојата во друг сад.
Потребни количини според состојките:
Боја на црвена зелка (сина): 4 шолји исечкана зелка
Боја на куркума (жолта): 3 лажици куркума (+ морков за поинтензивна боја)
Боја на лушпа од кромид (разни нијанси на кафена): околу 12 лушпи
Боја на цвекло (црвена): 4 шолји исечкано цвекло
Боја на кафе (интензивна кафена): 1 литар јако црно кафе (наместо вода)
Боја на вино (виолетова): наместо вода употребете вино или сок од малини
Боја на спанаќ или коприва (зелена): 4 шолји листови
Втор начин: Ладно потопување
Со оваа постапка, јајцата и состојките се подготвуваат посебно. Со помош на метална лажица, изладените тврдо варени јајца ставете ги во сад со оладена боја и оставете ги потопени 5 секунди или оставете ги да преноќат, зависно колку интензивна боја сакате да добиете. Извадете ги јајцата со лажица, исушете ги на хартиени крпи и потоа оставете ги добро да се исушат на метална жична подлога.
Оваа метода резултира со суптилни проѕирни нијанси, но може да даде и нееднаква боја доколку јајцата не се превртуваат одвреме-навреме додека се сушат на жицата.
Трет начин: Заедничко вапсување
Оваа метода подразбира варење на јајцата заедно со изворот на боја, а топлината овозможува убаво нафаќање на бојата што резултира со интензивни и рамномерни нијанси.
Сировите јајца ставете ги во длабоко тенџере со изворот на бојата со кој сакате да ги бојадисате, а времетраењето ќе зависи од тоа што користите. По варењето, јајцата ставете ги да се исушат на истиот начин како при ладното потопување.
Времетраење на вапсувањето според изворот на бојата:
Боја на старо злато: Варете ги јајцата во раствор од куркума 30 минути.
Кафена боја на земја: Варете ги јајцата во раствор од лушпа од кромид 30 минути.
Интензивна темнокафена: Варете ги јајцата во црно кафе 30 минути.
Бледожолта: Потопете ги јајцата во раствор од куркума на собна температура и оставете ги 30 минути.
Портокалова: Оставете ги јајцата потопени во раствор од лушпа од кромид на собна температура 30 минути.
Светлокафена: Потопете ги јајцата во црно кафе на собна температура и оставете ги 30 минути.
Светлорозова: Потопете ги јајцата во раствор од цвекло на собна температура и оставете ги 30 минути.
Светлосина: Потопете ги јајцата во раствор од црвена зелена на собна температура и оставете ги 30 минути.
Кралски сина: Потопете ги јајцата во раствор од црвена зелка на собна температура и оставете ги преку ноќ.
Боја на лаванда: Потопете ги јајцата во раствор од цвекло на собна температура и оставете ги 30 минути, потоа потопете ги во раствор од зелка на собна температура и оставете ги да стојат уште 30 минути.
Дополнителен трик за поефикасно вапсување: Пред да почнете, измијте ги јајцата со сапун и вода за подеднакво да се фатат. Бојадисаните јајца протријте ги со крпа натопена во масло, исполирајте ги и ставете ги во фрижидер преку ноќ за да ја интензивираат бојата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.