Зелник со кисела зелка, по рецепт на искусните домаќинки од кривопаланечкиот крај, солени торти, украсен славски колач, разни благи колачиња приготвени од вештите раце на членките на клубот „Достоинствен живот” од Црвениот крст во Крива Паланка ја збогатија годинашната празнична трпеза на централната манифестација „Пивтијада 2023″ што се одржа денеска во Крива Паланка.
Рецепт посебен нема, едноставно, тоа е традиционален зелник што го подготвувале од памтивек нашите баби, мајки, од кои и ние сме го научиле начинот на подготовка, велат тие.
Зелникот се подготвуваше синоќа доцна до рано изутрина, со над десет килограми брашно, со шеесетина кори, во една од најстарите фурни во градот, „Вардар”.
-Се печеше до рано наутро, во фурната на дрва, а од вештите раце на баба Шана, Анка, Славица, Снежа, Милица, Станче, Зденка, Младенка, Катица, Рушка и останатите, приготвивме зелник со пречник од 1.5 метри и денеска нашите сограѓани можеа да го вкусат. Покрај тоа, од над стотина килограми тесто се приготвивја неколку стотици мекици, кои, исто така, на самиот плоштад ги пржена и послужуваа нашите членки, информира секретарот на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.
Покрај овие вкусни јадења, како дополнение на богатата, раскошна трпеза на градскиот плоштад, беа послужени рецептите приготвени од сите членки на клубот „Достоинствен живот” кои ги приготвиле во своите домови специјално за оваа манифестација.
Успешната „Пивтијада” помина и во знакот на вкусните пивтии, исто така, готвени по традиционален рецепт, дело на вработените во ресторан “Парк Гиновци” и пицерија “Аквариум”, Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.