Клинт Иствуд важи за холивудска икона, а и покрај тоа што е во светот на актерството од 1955 година, тој и денес ја импресионира публиката со својата врвна форма. Додека многумина се прашуваат како се уште е толку здрав и полн со енергија, тој се колне во три правила кои му помогнале да ја стекне виталноста.
Иствуд, кој го прослави својот 92 роденден на последниот ден од мај, отсекогаш ја одржувал формата на телото, а уште како 19-годишник кревал тегови, пренесува „Eat This“.
И децении подоцна, тој продолжи да се држи до својата рутина за вежбање, фокусирајќи се и на неговата исхрана. Иако неговите навики му помогнаа да го одржува здравјето до 90-тите, тие се прилично рестриктивни и нема да одговараат на сите. Еве за што се работи.
Неговиот фокус е на телесните масти
Иствуд во 1991 година даде интервју за „Muscle & Fitness“, кое сè уште може да се најде на интернет. Меѓу другото, тогашниот доктор на Иствуд се осврнал на неговите навики за јадење и вежбање.
Телесните масти на Иствуд се помалку од 10 проценти – изјави д-р Хари Демопулос.
Иствуд исто така коментираше за ова, велејќи: „Никогаш не сум имал многу физички дефекти, но секогаш сум бил прилично уреден во однос на исхраната“.
Д-р Демопулос, исто така, ја коментираше исхраната на актерот во тоа време.
Иствуд одржува диета со малку маснотии и богата со протеини. Тој исто така го следи нивото на холестерол – изјави рече тој, потсетувајќи дека неговиот татко, „човек од месо и компири“, починал на рана возраст од кардиоваскуларни заболувања.
Избегнува шеќер и алкохол
Според „Health Fitness Revolution“, Иствуд избегнува додаден шеќер секогаш кога може, нешто што најверојатно му помогнало да го одржи толку доброто здравје.
Држете се настрана од јаглени хидрати, особено богати десерти. Чувајте ги вагите во вашата бања. Одморете се правилно. Обидете се да бидете оптимисти. Јадете овошје и сиров зеленчук. Земете витамини. Прескокнете пијалоци полни со шеќер. Избегнувајте премногу алкохол – вели Иствуд.
Тој всушност не јаде за задоволство
Секако не ви препорачуваме да се обидете сами да го усвоите ова. Во интервју за списанието „Men’s Health“, синот на Клинт Иствуд, Скот, ја коментираше исхраната на неговиот татко.
Татко ми не јаде од задоволство. Тој јаде лосос и кафеав ориз за појадок. Претпоставувам дека тоа го добив од него. Ако можам да земам апче што ми ги дава сите хранливи материи што ми се потребни, веројатно би се откажал од храната – изјави Скот.
Се чини дека овие навики се ефективни за семејството Иствуд, а особено за Клинт, но некои експерти не се согласуваат баш со сите ставки. На пример, уживањето во храната е совршено здраво, а многу од најдолговечните луѓе во светот припишуваат задоволство и среќа на нивната долговечност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.