Домашната супа од пилешко месо и коски е полна со колаген и корисни супстанции што го закрепнуваат целото тело.

Состојки:
2 л вода
2 пилешки батака
1 шуплива телешка коска
3 средни моркова
3 средни пашканата
1 главица кромид
малку свеж лист од магдонос
малку тестенини за супа
сол и бибер

Приготвување:
Пропржете го малку кромидот на шпорет. Потоа, во лонец сипете вода, па ставете шуплива коска, малку лавров лист и кромид. Гответе најмалку еден час. Потоа, извадете ги коската и лаворот, а во водата додајте пилешко месо, па гответе уште 45 минути. Потоа, извадете го пилешкото и исчистете го од коски.

Вратете го месото во супата, па додајте изрендан морков и пашканат и издробен кромид, како и сол и бибер.

Додајте цел грст свеж магдонос. Гответе уште 20 минути, па тргнете ја супата од рингла. Послужете ја топла.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.