Во тек се божиќните пости на на тезгите има голем избор на морска храна и разни видови риби, меѓу кои и ослич. Многу луѓе го претпочитаат овој вид риба поради неговата пристапна цена и практичноста за подготовка, бидејќи во споредба со речната риба, осличот има многу помалку коски.

За разлика од другите риби кои можат да се најдат на продажба, само осличот нема глава. Сте се запрашале ли зошто е тоа така? Единствената причина зошто е тоа така е транспортот, бидејќи осличот најчесто се фаќа во југозападниот дел на Атлантскиот Океан, во Аргентина, Уругвај, Средоземното Море и Црното Море, јужните делови на Африка, во југоисточниот дел на Тихиот Океан, Перу и Чиле. Без главата цената на транспорт е пониска а и онака не се јаде.

Големината на осличот од 30 см до 1,5 метри. Припаѓа на монотипско семејство кое вклучува 16 видови. Ослич го поминува поголемиот дел од своето време во длабочините и расте повеќе при лов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.