Ова турска салата се подготвува брзо и иако ја викаат кафанска, доволно е вклусна за да се послужи како главно јадење во лето, кога организмот бара полесна храна.
Потребно:
- 3 модри патлиџани
- 5 печени црвени пиперки
- 2 главици црвен кромид
- 500 грама сос од домати
- 700 гр. кисела павлака
- Масло, магдонос, бибер, сол, црвена пипер
Подготовка:
Модриот патлиџан исчистете го и исечкајте го, посолете и пржете го на масло. Нека се исцеди од маснотиите. Во друго масло пропржете ја пиперката. Потоа во друга тава пропржете ги кромидот и сосот од домати. Потоа во сад наредете ја салатата: прво ставете павлака, одозгора додадете ја пиперката, па сосот од домати, па модриот патлиџан. Зачинете сè и одозгора ставете свеж магдонос. Уживајте!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.