Веројатно сте ги пробале во милион верзии, но мали се шансите дека сте јаделе шпагети од рерна! Овој рецепт стана вирален на ТикТок, бидејќи совршен е за брз ручек или вечера и лесно се приспособува на сечиј вкус.
Загрејте ја рерната и почнете да приготвувате сос болоњезе. Во меѓувреме, сварете ги шпагетите. Потоа, растопете путер, додајте лук, пропржете го кратко, па додајте павлака за готвење и гответе уште 10 минути додека се згусне.
Тргнете го од рингла, постепено додавајте пармезан и мешајте. Префрлете ги тестенините и белиот сос во подмачкан сад за печење.
Одозгора рамномерно распоредете го сосот болоњезе и по желба посипете моцарела и црвен пипер.
Печете додека зарумени, околу 25 минути. Бон апетит!
Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.