Паризер е една од попопуларните салами, а тешко дека можете да се вратите неколку години наназад, во училишните клупи, а да не помислите на сендвич со паризер, сирење, краставици и мајонез.

Суровината за овој месен деликатес е најдоброто мелено црвено говедско и свинско месо. Секогаш се меша со малку зачин, па поради исклучително благиот вкус и лесната сварливост е омилена на децата и возрасните.

Паризерот се разликува од мортаделата и сличната салама главно по тоа што наместо мирта се користи лук, а не содржи парчиња маснотии, ф’стаци или маслинки. Оваа полутрајна салама е достапна во која било продавница, не е премногу скапа и е вкусна.

Потеклото на оваа вкусна салама нема никаква врска со Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.