Ролат со ајвар за вкусна трпеза. Ролатот се приготвува со состојки кои веќе ги имате во кујната. Многу е мек, вкусен и декоративен. Може да послужи како предјадење и да биде дел од трпезата за секакви свечени пригоди.
Потребно:
200 мл кисела вода
120 гр брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
60 гр ајвар
За полнење:
5 лажици посен мајонез
3-4 кисели краставички
Подготовка: Во сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, потоа додадете ги солта и
ајварот, па повторно измешајте. Постепено додавајте ја киселата вода, мешајте додека состојките не се соединат. Смесата за ролат истурете ја во плех, па печете на 200°C околу 20-30 минути. Кога ќе се испече кората завиткајте ја во влажна крпа. Кога ќе се олади премачкајте ја со посен мајонез и исечканите краставички. Во филот за ролатот можете да додадете и рендан посен кашкавал. Наполнетата кора свиткајте ја во ролат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.