Сутлијашот од рерна е посебен турски специјалитет што ги освојува и најголемите сладокусци. Невозможно е да му се одолее на овој сочен десерт со извонреден вкус!

Состојки:
500 мл млеко
300 мл слатка павлака
110 г ориз со долго зрно
70 г шеќер
цимет
2 кафени лажици екстракт од ванила
2 жолчки

Приготвување:
Ставете млеко во тенџере со дно што не загорува, па додајте слатка павлака, шеќер, екстракт од ванила, добро промешајте го сето тоа, а на крајот додајте и ориз. Потоа, ставете го на умерена температура да се загрева. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го да крчка додека се зготви оризот, односно додека стане мек, но не и премногу разварен. Смесата со млеко, секако, треба да биде погуста. Се препорачува и често да го мешате сутлијашот додека се вари, за да не се залепи за дното на тенџерето.

Кога сутлијашот ќе отстои 15 минути, ставете го во огноотпорен сад, па преку него прелејте 2 жолчки кои претходно сте ги изматиле заедно со малку цимет и многу малку шеќер. Сето тоа нека се запече во рерна на 180 степени додека добие кафено-златна боја.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.