В сабота, на втори јули од 10 до 18 часот ќе се одржи Фестивал на биодиверзитет во скопскиот Парк на франкофонија.
Заедно да ја подигнеме јавната свест за значењето на локалниот биодиверзитет на храна. Да им помогнеме на малите производители во заштитата, промоцијата и валоризација на локалната и автентична храна, што ќе придонесе за економски развој на руралните средини и транзиција кон еколошки одржливо опшество, вели организаторот.
Настанот е замислен како изложбен и продажен на триесет локални производители на храна, вино и пиво.
На настанот ќе говорат Љупчо Николовски, министер на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и Василка Стефановска, претседател на Слоу Фуд Водно.
Во 13 часот е закажана презентација на програмата Слоу Фуд училишни градини, а концептот ќе го објасни Билјана Митревска, координатор во Слоу Фуд Водно.
Валентина Вања Тодоровска и Ивана Симјановска ќе ги промовираат Слоу Фуд Гостилници и Слоу Фуд Вино. Потоа следува дегустација на вина од малите семејни винарии, а
од 14 до 18 часот Шеф Зоран Мајновски член на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија ќе подготвува гастрономски специјалитети со намирници од локалните производители
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.