Јелена Ѓоковиќ често го подготвува овој едноставен рецепт, кој не само што е готов за пет минути, туку бара само четири состојки!

Состојки

1 шолја индиски ореви (или орев по избор)

8 урми без јами (или суво овошје по избор)

2 лажици какао во прав

2 лажици кокосово масло (или путер од бадем)

Подготовка:

Млеко (или растително млеко ако постите) по избор, за врзување состојки ако се премногу суви, мед, чоколадо или протеин во прав од ванила (ако сакате протеински бомби), овесна каша, кокосови снегулки, банани.

Едноставно ставете ги сите потребни состојки во блендер и матете додека не се создаде хомогена маса.

Ставете го во фрижидер малку да се стегне, па од него направете топчиња кои по желба можете да ги валкате во какао или кокосово брашно или кокосови снегулки.

Овие бомбици се доволно слатки бидејќи содржат сушено овошје, но се и многу здрави и се вистинска енергетска бомба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.