По овој рецепт подгответе го највкусното пилешко од рерна.
СОСТОЈКИ:
5 компири
800 гр пилешко филе
2 јајца
200 мл павлака за готвење
150 гр тврдо сирење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите сварете ги, а месото исечкајте го на коцки, па пржете околу 10 минути. Зачинете со сол и бибер. Исечете ги компирите по желба, па ставете ги во тепсија и одозгора додајте го месото.
Изматете ги јајцата со павлаката за готвење и зачинете. Прелијте ги месото и компирот, па сето тоа посипете го со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.