Oваа германска салата со компир е совршено освежување за летните горештини. Еве што ви е потребно.

6 ленти сланина

1 црвен кромид ситно сецкан

2 лажици јаболков оцет

една лажица вода

лажица маслиново масло

половина лажица сенф

малку сол, малку шеќер

свежо мелен црн пипер

сецкан зелен кромид

Подготовка: Сварете ги компирите и оставете да се исцедат и изладат. Сланината пропржете ја додека да стане крцкава и извадете ја на салфетка да ја впие маснотијата, па исечкајте ја. Пропржете го црвениот кромид додека не омекне, околу 3 минути. Се матат во јаболков оцет, вода, маслиново масло, сенф и шеќер и се додаваат во динстаниот кромид, на тивок оган минута или две, па се посолува и се бибер.

Измешајте со исечен зелен кромид, па полека прелијте ја смесата врз компирите и сланината. Послужете топло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.