Одличен начин да направите неодолив десет од леб што ви останал од вчера или од завчера.
Состојки:
Шест парчиња стар леб
2 лажици путер
суво грозје
4јајца
240 милилитри млеко
150 г шеќер
лажичка цимет
лажичка арома ванила
Поготовка
Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.
Лебот искинете го со раце на коцкички и ставете го во огноотпорен сад со средна големина. Прелејте го со растоен путер и наросете со суво грозје.
Во сад изматете ги јајцата, па додадете ги млекото, шеќерот, циметот и ванилата.
Смесата прелејте ја преку лебот и фино притиснете со виљушка за лебот да ја впие течноста.
Печете го колачот 45 минути.
По желба можете да го наросите со шеќер во прав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.