Во сабота, во првиот ден на јуни од 11-17ч, во Мондано гарден (Дворот на гимназијата Јосип Броз) ќе се случува пролетен Слоу фуд пазар, што го организира Слоу Фуд Водно.

Настанот е замислен како неформално дружење, можност да сте на отворено и да купите нешто од нашето, автентично и највкусно. Притоа да дознаете многу работи за локалните производители на традиционалните сирења, џемови, мед, месни производи, тартуфи, масла, ракии, пива, вина.., истите да ги пробате и се разбира, да ги препорачате на своите пријатели.

И децата, во нивното катче ќе можат да уживаат во работилница што за нив ја подготви Слоу Фуд Водно- едукативно и забавно. Инаку, на овој интересен пазар ќе учествуваат околу 25 производители кои ќе го претстават она што го прават- козјо сирење и намази, масло од лешник, оцет од диви јаболка, сувомеснати призводи, интересни џемови што ќе ве потсетат на детството, зреено месо, занаетчиско пиво…, се што ќе ве испирира за констатација дека е најдобро кога е наше, а највкусно кога е домашно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.