Одлична идеја за брзи појадок или вечера, спремни за само 10 минути, пишува „Ствар укуса“. Потребни ви се неколку состојки и имате одличен оброк, кој може да го послужите со сувомеснато, домати или јогурт.
Потребно:
- 360гр леб
- 360мл млеко
- 400гр сирење
- 20гр црн сусам
- 5 јајца
Подготовка:
Издробете го лебот и прелијте го со млеко. Потоа со вилушка направете густа смеса во која ќе ги додадете јајцата, сирењето, сусамот и солта.
Од соединетата смеса обликувајте плескавици, кои ќе ги пржете во загреана тава со малку масло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.