Оброкот со салата е одлична идеја кога надвор е пеколно топло, затоа пробајте го овој рецепт за салата од зелка.

Зелка салата најчесто се јаде со печено месо, но ако додадете чери домати, тврдо сирење по желба, како и грчки јогурт, ќе направите салата од зелка на која никој нема да може да и одолее. Лесна, освежувачка и ќе ве засити.

Состојки:

350 гр зелка
1 млад кромид
малку свеж власец
180 гр домати
40 гр тврдо сирење
3 супени лажици грчки јогурт

Подготовка:

Изрендајте ја зелката, па додајте сечкан млад кромид.
Потоа додајте ги сечканите чери домати, ренданото сирење и сечканиот власец.
Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте, па додадете го грчкиот јогурт и повторно измешајте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.