Овој брз леден чоколаден колач претставува вистинско уживање за сите сетила. Се приготвува многу лесно, се топи в уста, а неверојатно освежува. Речиси секогаш се бара парче повеќе, бидејќи никој не може да му одолее на феноменалниот вкус.
Состојки:
100 г чоколадо за готвење
150 г темно чоколадо со 70 отсто какао
6 дл слатка павлака
20 г шеќер во прав
4 лажици сок или ликер од портокал
1 лажиче рендана кора од портокал
100 г здробено чоколадо за готвење
За глазурата:
150 г чоколадо за готвење
90 г путер
Приготвување:
Изматете ја слатката павлака во шлаг, па додајте ги шеќерот во прав, сокот и кората портокал и чоколадото стопено на пареа.
Добро изматете со миксер и додајте го здробеното чоколадо. Смесата префрлете ја во калап обложен со проѕирна фолија и оставете ја три часа во замрзнувач.
Пред да ја префрлете смесата за колачот во калапот, можете да ги обложите рабовите со тенки парчиња чоколадо. Така десертот ќе изгледа уште подекоративно.
Оладениот колач превртете го на послужавник, па прелејте го со чоколадна глазура, која сте ја приготвиле така што сте го стопиле чоколадото на пареа и во него сте додале омекнат путер.
Колачот се послужува добро разладен, а по желба, покрај него можете да додадете и топка сладолед.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.