Ловоровиот лист најчесто се употребува сушен и како додаток во јадењата поради арома, но она што е поважно од вкусот, е фактот дека тој е богат со витамини и минерали на коишто и јаболките можат да му завидуваат.
Ловоровиот лист (познат и како ловор или лорбер) е зачин којшто вообичаено се користи за ароматизирање на јадењата со месо, а особено гравот, поради неговиот лесен вкус.
Постојат многу видови во семејството на ловоровиот лист, меѓутоа сите имаат сличен вкус и нутритивен профил. Различните сорти на ловоровиот лист можат да се одгледуваат насекаде, од Карибите до Индија, а може да се пронајде во продавниците за зачини ширум светот.
Ловоровиот лист е богат со витамини, минерали и антиоксиданти, а единственото нешто што досегашните истражувања го немаат опфатено, е влијанието на ловорот врз бремените жени и доилките, коишто вообичаено се вклучени во научните истражувања. Поради тоа на овие категории на лица им се препорачува дополнителна претпазливост при консумирање на каков било оброк со ловор.
Ловоровиот лист ги содржи следните витамини и минерали: калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, витамин А, витамин Б6, витамин Ц, рибофлавин – витамин Б2 и цинк. Поради тоа што ги содржи витамините А, Б6 и Ц, ловоровиот лист е добар за одржување на здрав имун систем.
Покрај тоа чајот од ловор може да помогне во намалувањето на болките во стомакот, како и за проблеми со синусите и затнат нос. Исто така неколку помали студии сугерираа дека земањето на капсули од мелен ловор или консумирање на чај од ловоров лист можат да придонесат кон намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Но овие студии имаат свое ограничување поради што потребно е да се направат уште анализи за да се докажат претходните наоди.
Кога ловоровиот лист не е добар?
Иако се додава во варените јадења, и се прави чај од него, ловоровиот лист не треба да се користи во свежа состојба, па така не се препорачува да се јаде сиров, како и да се ставаат поголеми количества ловор во јадењата. Тоа е така поради тоа што џвакањето на ловорот и дигестијата можат да бидат доста тешки. Поради ова вообичаено листот од ловор се става во јадењата а откако ќе се свари тој се вади бидејќи е тежок за џвакање и дигестија.
Во продавниците ловорот се продава во вид на прав, или како свеж лист, но и како сушен, цел лист, а одредени луѓе го сметаат за отровен, но тоа секако не е точно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.