Иако е мај, времето не ни дава ни да помислиме на собирање на јакните. Затоа, ви предлагаме да си ја подготвите оваа вкусна кремаста чорба, по стар турски рецепт.

Потребно е:

1 пилешки стек
сол, бибер, сув рузмарин
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 стапчиња целер
1 праз
1 морков
1 црвена пиперка
Малку брашно
Масло
Вода
100 грама фиде

Подготовка:

Во длабоко тенџере се динстаат кромидот, ренданиот морков, и ситно сечканите целер, црвена пиперка и праз. Додадете сол и бибер. Додадете го ситно сечканиот лук и 2 лажици брашно. Промешајте, па истурете вода и варете додека сè убаво не се измеша.

За тоа време пилешкото исецкајте го на ситни парчиња, извалкајте го во брашно, сол, бибер и сув рузмарин. Пржете го додека не порумени, па процедете го и додадете го во готовата супа. Во тенџерето додадете го фидето, неколку ловорови листови и свеж магдонос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.