Доколку оваа година подготвувате зимница, октомври е идеално време за кисела зелка.

Од него се прават некои од омилените наши јадења, како сарма, подварак… Многу домаќинки во денешно време се одлучуваат за купениот, бидејќи сметаат дека процесот е премногу комплициран и дека киселата зелка нема да испадне како што треба. Ако оваа година правите кисела зелка за прв пат, но дури и ако сте искусна домаќинка, можеби не знаете која количина сол треба да ја истурите во водата и како правилно да ја направите саламурата. За правилно да ја киселите зелката, прочитајте подолу колку сол е потребна за 10 литри вода.

Некои луѓе ја сакаат киселата зелка малку посолена, а некои не толку, но во која група и да спаѓате, постои оптимална количина да додадете. Значи, 400 g сол оди на 10 l вода.

Ако користите буре од 20 литри, удвојете ја количината на сол. Друга важна работа е која сол ја користите. Доколку сакате киселата зелка да биде вкусна, ви предлагаме да користите крупна морска сол, која треба целосно да се раствори во водата пред да се истури во бурето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.