Доколку и пилешките батаци ќе се најдат на вашето мени за утрешната првомајска скара, испробајте го овој рецепт со кој ќе добиете и совршен вкус и мекост на месото. Тајната е во вкусната маринада, која се состои од јогурт, лути пиперчиња и ароматични зачини.

Потребно:

4 батаци или карабатаци

За маринадата:

500 гр грчки или обичен јогурт
свежо оригано
3 чешниња лук
1 лута пиперка

Подготовка:
Изблендирајте ги јогуртот, ориганото, лукот и исчистената лута пиперка. Кога смесата ќе е изедначена, па премачкајте го месото и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да се маринираат минимум еден час во фрижидер. Потоа ставете го месото на скара и испечете го од двете страни. Пријатно!

Извор: Ствар укуса



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.