За 4 лица

Подготовка: 45 минути

Состојки:
1 зелена пиперка, 400 гр компири, 400 гр свинска шницла, 2 лажици масло, 600 гр пелат исечен на коцки (по можност домашен од тегла), 1 кесичка смеса од зачини од чорба, 40 гр слатки феферони (тегла) , неколку црни маслинки без коски.

Постапка:
Исечете ја пиперката на половина, извадете ги семките, измијте ја и исечете ја на парчиња. Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на коцки. Исушете го месото со крпа и исечете го на коцки со големина на залак. Во тенџере загрејте го маслото и пропржете го месото постојано вртејќи го.

Додадете ја пиперката и компирите и кратко пропржете. Потоа додадете го пелатот и 250 мл ладна вода. Измешајте ги зачините за чорбата, доведете до вриење, покријте и варете на средна температура околу 20 минути.

Исцедете ги феферони и исечете ги на прстени. Во тенџерето додадете ги фефероните и маслинките и динстајте пет минути. Украсете со мајчина душица по желба. Послужете со свеж селски леб, ориз или тестенини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.