Во Кавадарци денеска ќе се одржи меѓународниот натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик“. За најхрабрите се предвидени вредни награди.
Натпреварот првпат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора и доби сом од десет килограми, додека Бобан Милошевски од Скопје го освои третото место, а наградата беше ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.