Боранијата ќе им се допадне на сите доколку ја подготвите на овој необичен начин:

Потребно:

900 гр боранија (две пакувања од замрзнатиот зеленчук)
1 голем кромид
2 чешниња лук
Околу половина кг пилешко филе
1 голем морков
Масло
Малку вода
2 јајца
1 павлака
сол, бибер
Малку млеко

Подготовка:

Боранијата сварете ја околу 10 минути, па процедете ја. Се динстаат кромидот и морковот, се додава ситно сечканото пилешко филе, а потоа и боранијата. Изматете ги јајцата, павлаката и малку млеко и прелијте ги над боранијата. Ставете сè во рерна и печете на 200 степени додека не порумени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.