Уживањето во чај може да има повеќе придобивки од само релаксирање. Според една нова студија, пиењето три шолји чај дневно може да го одложи биолошкото стареење.
Студијата на кинеските експерти од Универзитетот Сечуан вклучуваше анализа на податоци од две групи: 5.998 Британци на возраст меѓу 37 и 73 години и 7.931 кинески учесници на возраст од 30 до 79 години.
Учесниците дадоа детални информации за нивните навики за конзумирање чај, вклучувајќи го и омилениот тип на чај (зелен, црн, жолт или улонг), како и просечниот број на шолји што ги консумирале секој ден.
Наодите објавени во стручното списание The Lancet Regional Health – Western Pacific, покажаа дека луѓето кои пијат околу три шолји чај, или шест до осум грама листови чај, покажуваат знаци на побавно биолошко стареење. Интересно е што побрзо биолошко стареење е забележано кај оние кои престанале да пијат чај.
Научниците веруваат дека полифенолите, за кои е познато дека ја подобруваат цревната микробиота, се одговорни за одложување на процесот на стареење. Ова има корисен ефект врз имунитетот, метаболизмот и когнитивните функции.
Иако студијата не ги разгледа специфичните видови на чај, не беше пронајдена значајна разлика помеѓу оние кои пијат црн чај и оние кои пијат зелен чај во Кина.
Значи формулата е едноставна, а еликсирот на младоста е повеќе од достапен. Изберете го вашиот омилен топол чај – и почестете се три пати на ден. Можеби можете да замените една шолја кафе со овој корисен напиток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.