Ви го откриваме наједноставниот рецепт за брза пита од готови кори

Состојки:
500 г кори за пита
200-400 г ситно сирење
3 јајца
180 мл јогурт
150 мл масло
180 мл вода
1 лажиче сол

Приготвување:
Во сад сипете јајца, сол, јогурт, вода и масло, па изматете. Исечете ги корите за пита на ленти со дебелина од околу 1 см. Поделете ги на два еднакви дела. Во плех обложен со хартија за печење наредете еден дел од исечените ленти, па посипете сирење, а потоа наредете го другиот дел ленти. Прелејте ја питата со фил и ставете ја да се пече околу 40 минути.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.