Во „Јавна соба“ вечерва во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“.

Организатор на изложбата е Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова.

Како што информираат организаторите, Центарот направила селекција на делата на учениците и се создала богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици автори, на возраст од 5 до 55 години.

Изложбата ќе остане поставена во просториите на „Јавна соба“ една седмицa. Влезот за посетителите е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.