Овој викенд ќе биде отворен Студентскиот културен центар, ново место каде младите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе можат да се дружат, учат и забавуваат.

Веруваме дека СКЦ ќе биде новото место каде младите ќе можат да вмрежуваат, да организираат настани и активности, велат од Студентското собрание на УКИМ.

Со почеток во 20:30 часот во палатата „Кузман“, до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворено катчето за младите. Ќе настапуваат „Full house“, млад бенд од студенти, „Drazi drags“ и „Dragsic“.

Како што најавија од Студентското собрание на УКИМ, студентите од Факултетот за ликовни уметности ќе отворат мала изложба со нивните уметнички дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.