Универзитетот за Туризам и Менаџмент организира Меѓународен Форум за женско лидерство кој во понеделник на 06ти март ќе се одржи на  Универзитетот со почеток од 11.00 часот.

На едно место, во ист ден истакнати дами од повеќе области ќе дебатираат на темата ,,Жените пишуваат историја”.

На овој Меѓународен форум ќе учествуваат амбасадорките на Кралството Шведска, H.E. Еми Ларсон Џеин, на Србија,Невена Јованович, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска Бежоска, директорката на Управата за Јавни Приходи, Сања Лукаревска, почесната конзулка на Канада во земјава, г-ѓа Анета Пешева, жени истакнати во бизнис заедницата, дами кои го движат образованието, жени двигатели на медиумите и дами докажани во културата и уметноста.

Целта на овој Меѓународен форум е да се отворат прашања за жените во општеството и какви вештини треба да поседува една жена лидер? Учесничките ќе зборуваат за своите професионални достигнувања и дали тоа што се дами е предност или мана во нивната професионална кариера.

Како општествено одговорна високообразовна институција, Универзитетот за Туризам и Менаџмент продолжува со отворање на значајни теми за јавноста и потсетување за докажаните дами кои ги имаме во земјава и кои се пример за идните генерации.

Меѓународниот Форум за женско лидерство ќе го отвори ректорот на Универзитетот проф.д-р Аце Миленковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.